Слаб земјотрес во околината на Атина

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер денеска ја зафати Атина.

Институтот за геодинамика на атинската опсерваторија соопшти дека земјотресот е почувствуван во поширокиот регион на Атина.

Епицентарот е регистриран во морето, на 30 километри североисточно од Атина на длабочина од 15 километри.

Засега нема податоци за евентуални штети или повредени.