Сладолед од овошје и вино

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Фантастичен леден десерт за топлите летни денови.

Состојки:

– 450 гр бобинки (јагоди, капини, малини)

– 150 гр шеќер

– 375 мл суво црвено вино

– 15 мл балсамико оцет

– 1 лажичка екстракт од ванила

– прстофат сол

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете ги сите состојки.

По желба исецкајте го овошјето на помали парчиња.

Гответе на умерена температура и мешајте додека не се раствори шеќерот и омекне овошјето, околу десет минути.

Извадете го тенџерето од шпорет и оставете да се излади на собна температура.

Кога ќе се излади, состојките ставете ги во блендер и сомелете ги во мазна маса.

Се става во сад кој може да се стави во замрзнувач и се остава преку ноќ убаво да се стегне.

Сладолед послужете го во чаши или стаклени тегли. Украсете со изматена слатка павлака посипана со цимет или по желба.

Вкусот е фантастичен и без декорација.

Слични содржини