381
За оваа слатка вечера или попладневен десерт потребни ви се:
265 мл млеко
3 лажици брашно
2 јајца
Масло и сол
Кондензирано млеко
100 гр мелени ореви
Подготовка:
Во подлабок сад изматете ги јајцата, додадете го млекото и спојте ја смесата. Ставете малку масло, а потоа додавајте го брашното и мешајте со жица за матење.
Испржете палачинки од смесата. Секоја палачинка наполнете ја со две лажици кондензирано млеко и 2-3 лажици ореви.
Преклопете ги палачинките како триаголници и ставете и врз нив од кондензираното млеко и од оревите.