Слаткар: „Осум пати сум пеел во „Пулс“ во Кочани, пред истите тие деца што настрадаа“

„Јас сум пеел таму осум пати, сум пеел на истите деца таму и да мене ми беше тешко за нив, за тие деца“ – рече Слаткар за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во гостување во емисијата „Животна приказна“.

од desk3
1,4K прегледи

Нашиот познат музичар Марко Маринковиќ, попознат како Слаткар откри дека осум пати пеел во дискотеката „Пулс“ која на 16-ти март годинава ја зави Македонија во црно.

Тој си ја отвори душата во емисијата „Животна приказна“ која се емитува на МТВ со водителката Здравкица Милиќ.

Јасно е дека трагедијата во Кочани донесе нова колективна траума за македонското општество, но Слаткар како човек којшто и сам е дел од шоу бизнисот и кој загуби колеги и свои фанови, сега за првпат раскажа како го доживеал сето тоа.

„Јас сум пеел таму осум пати, сум пеел на истите деца таму и да мене ми беше тешко за нив, ми беше тешко за тие деца.
Не можев да спијам. Не можев да спијам повеќе од еден час, час и половина, и тоа траеше со месеци“ – рече Слаткар, а пренесе „Стандард“.

Целата вест можете да ја проследите на следниот ЛИНК.

Слични содржини