Славата на Џенифер Лопез не е причина за нејзините брачни проблеми со Бен Афлек

од Nikola Popovski
303 прегледи

Извор близок до славниот пар открил дека гласините се лажни, односно дека Џеј Ло не е „премногу славна“ за вкусот на Афлек. Брачните проблеми меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек немаат никаква врска со нејзината слава, но причините лежат на друго место, открил извор близок до парот, пренесуваат светските медиуми.

Парот оваа недела прославиле годишнина од брак, но решија да го поминат одделно – Лопез била во Хемптонс на истокот, додека Афлек важниот датум го поминал во Лос Анџелес. Исто така, во последните неколку месеци живеат одвоено, факт што досега не го коментирале.

Претходно во мај, друг извор близок до парот открил дека двојката едноставно има поинаков начин на справување со славата, што се вели дека е наводна причина за постојаната тензија во нивната врска. Според информациите, Афле наводно повеќе се занимавал со интроспекција и приватност, а Лопез сакала да биде отворена за своите фанови и светот. Сепак, Афлек учествуваше во нејзината документарна серија, каде рече дека не сака врска на социјалните мрежи, но додаде дека не е фер тоа да го бара.

Слични содржини