Славески бара од Арсовска да земе одмор: „Делува како четиригодишно дете со чеканче во рака“

од Nikola Popovski
354 прегледи

Арсовска пред летните одмори изјави дека работи цело лето и дека нема да користи одмор. Мојот совет е да си земе малку одмор оти се гледа нервоза, брзоплетост и се прават грешки. Не можам да си простам зошто не реагирав кога градоначалничката го разреши господинот Зуди Исени од директорското место во „Комунална хигиена“. Дел од јавноста реагираше тогаш дека сите сме луѓе и не можеме да одговараме за постапките на други личности, вака одговори претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на прашањето што совет би ѝ дал на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Според него, Арсовска на моменти делува како „четиригодишно дете што има чеканче во рака и се што е околу него го гледа како шајка и удира“.

-Тоа удирање треба да запре. тие удари јас сум ги почувствувал преку мои соработници во Советот на Град Скопје уште во јануари. Мислам успеав да го изменаџирам тоа. Сето ова пренагло разрешување на најблиските соработници не личи на постапки на искусен менаџер, како што сите ние посакувавме да верувам дека е госпоѓата Арсовска, рече Славески во вестите на Тв Сител.

Слични содржини