Славески: Лиценците за нотар биле продавани за суми до стотина илјади евра – Бог знае каде завршувале тие „црни“ пари

од Nikola Popovski
216 прегледи

Претседателот на Советот на град Скопје и екс-министер за финансии, Трајко Славески смета дека постои корупциска шема со нотарските тарифи и лиценци.

„Некако истовремено, до мене допре информацијата дека лиценците за нотар, преку посредници, биле продавани за суми кои достигнуваат стотина илјади евра! Бог знае каде завршувале тие “црни” пари, но секој мирјанин може да го посочи одговорот на ова прашање.

Навидум, звучи многу паметно! На потенцијалните апликанти за лиценца за нотар уште во февруари им се дало до знаење дека нивните услуги ќе може да ги нудат по десеткратно повисоки цени. Вака за релативно кратко време ќе можат да си ја повратат “инвестицијата” од околу стотина илјади евра во форма на поткуп што ќе ги дадат “на рака” за лиценцата“, пишува Славески на социјалната мрежа „Х“.

Предлага дека постои начин да бидеме попаметни од претходните креатори на корупциската шема.

-Цените на нотарските услуги да се намалат за најмалку 50% со важност до крајот на годината. Се носи законски пропис со кој се амнестираат сите нотари кои ќе потврдат дека лиценцата ја купиле на “црно” и ќе посочат кому ги дале парите.

Креаторите на оваа срамна корупциска шема се изведуваат пред суд. Од средствата прибрани со конфискација на нивниот имот се обесштетуваат нотарите кои помогнале за откривање на корупцијата во случајот со издавање нотарски лиценци, стои во објавата на екс-министерот.

Министерот за правда, Игор Филков иницираше постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа којашто беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога. Министерството за правда иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за непримерна на донесената одлука.

Пред да се направат измени од ваков обем кои дирекно се одразуваат врз граѓаните и стопанството во државата, неопходно е отворање на широка дебата.

„Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или поскапувањето е минимално. Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени. Секоја одлука што дирекно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи на широка дебата, односно пред да донесеме каква било измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира“, рече Филков на денешната прес-конференција.

Слични содржини