195
Според претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време.
-Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната недела, понатаму студентите и други категории на граѓани, најголем дел од корисниците, оние кои се упатени на користење на јавниот превоз, веќе користат бесплатен јавен превоз, изјави Славески.
Славески кој е носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансиие денеска беше избран за претседател на Советот на Град Скопје со 26 гласа „за“.