Славески: Пакет мерките не се соодветни на ситуацијата во земјава

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Владата тврди дека мерките се носени во консултација со бизнис секторот, реалноста не го покажува тоа, изјави синоќа членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на гостувањето во емисијата „Топ тема“.

-Паѓа во вода тоа дека мерките се во консултација со бизинис секторот. Имаше протести во Скопје на главните улици и се беше блокирано. Блокадите и протестите беа токму од тој бизнис сектор, вели Славески.

Додава дека и „самите пакети на мерки кои ги дизајнираше владата не се соодветни на ситуацијата во земјава“.

-Добар дел од најпогодените не се задоволни со мерките. Во меѓувреме целосно потфрливме и на задравстевн план, каде е надлежната Комисија при минситерството за здравство, смета Славески.

Слични содржини