Славевски ќе го предводи Советот на Град Скопје

од Берта Китинска
261 прегледи

Трајко Славески, е избран за претседател на Советот на Град Скопје.

Славески кој е носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансиие  беше избран со 26 гласа „за“.

Покрај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците/Алтернатива, гласаа и двајцата советници на коалицијата ЛДП/ДОМ.

Во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, СДСМ 12, ДУИ 5, Левица 4, а по двајца имаат Алијанса за Албанците/Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните кандидати од Зелен хуман град.