Турската актерка Мерјем Узерли, позната по улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, во јануари годинава го роди своето второ дете, ќерката Лили Кои, а сега ја објави и првата фотографија од нејзината наследничка.
Мерјем на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со малата Лили, но и со постарата ќерка Лара.
Објавувањето ги воодушеви нејзините следбеници, па не е ни чудо што собра повеќе од половина милион лајкови, но и многу прекрасни коментари.
Инаку, Мери ја доби Лили Кои со партнер чиј идентитет не го откри во јавноста, но потврди дека живеат заедно и дека е среќно заљубена.
Таа ја роди својата постара ќерка Лара во 2014 година додека беше во врска со Кан Атеш, за време на снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“.