Славната Хурем се огласи од породилно: Тато и јас сме пресреќни што пристигна во нашето семејство!

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Се породи Мерјем Узерли и роди здраво девојче. Веднаш штом се опорави малку, славната Хурем се огласи на Инстаграм и ја претстави својата принцеза на светот.

– Вчера, 8 јануари 2021 година, моја најмила. Тато и јас сме пресреќни што пристигна во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи. Биди секогаш и бесконечно заштитена – напишала актерката на „Инстаграм“.

Потсетуваме дека, од љубов со Кан Атеш, Мерјем веќе ја има шестгодишната ќерка Лара, а сегашниот партнер го крие од љубопитните очи на јавноста.

Познатата актерка во споменатото соопштение го откри и името на нејзината новородена ќерка. Девојчето се вика Лили Кои.

Во септември, Мерјем им откри на турските медиуми дека е воодушевена од проширувањето на семејството и дека има сериозни планови со нејзиниот партнер. Сепак, таа не сакаше да го открие неговиот идентитет.

– Лара долго сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари – рече тогаш и додаде: „И јас сум среќна затоа што основам свое семејство“.

Слични содржини