Ако случајно сретневте некој од најпопуларните светски фраери на почетокот од кариерата и го прашавте дали сонува дека еден ден ќе ја носи титулата глобален секс симбол, веројатно ќе ви кажеше „не“.
Токму тие докажуваат дека конечен заклучок за нечиј изглед не може да се носи на „прва топка“, и дека не треба да го одбивате потенцијалниот партнер само поради тоа што мислите дека нема да развиете привлечност кон него.
Хемијата понекогаш е „инстант“, но понекогаш ѝ треба време за да се развие, а токму поради тоа при запознавање на мажите треба да погледнете малку подобро. Лошата фризира или брада не е причина за одбивање- косата лесно може да се исчешла, а брадата да се среди.
Славниот фудбалер Дејвид Бекам на почетокот бил слабо момче, со разбушавена коса и чуден моден стил, а се разви во вистински фраер со истенчен моден вкус.
Актерот Крис Прат денес гордо го покажува своето трансформирано тело благодарение на здравата исрхана и вежби, а во еден момент пред многу години имаше тежина од 150 кг.
– Бев уморен, депресивен. Имав проблеми со здравјето. Дебелеењето е лошо за вашето срце, кожа, организам, но и за вашиот дух – призна актерот.
Погледнете ја галеријата кои други славни мажи станале вистински фраери.