Иако новиот дел од Џејмс Бонд „Not time to die“ неодамна ја имаше својата светска премиера, веќе многу се зборува за тоа кој би можел да го замени актерот Даниел Крег во улогата на тајниот агент 007.
Бен Вишо, една од ѕвездите на новиот филм, смета дека главната улога треба да ја има геј актер.
Во овој филм, Бен Вишо по трет пат го игра Q, шеф на одделот задолжен за производство на технолошки иновации што ги користи Бонд. Тој е хомосексуалец, а во интервју за списанието „Altitude“ изјави дека би сакал да види припадник на ЛГБТ популацијата во улога на таен агент.
– Боже, можеш ли да го замислиш тоа? Тоа би било неверојатно. Секако дека би сакал да го видам тоа. Навистина верувам дека сите треба да работиме во свет каде што секој може да глуми секого, така што би било навистина возбудливо ако нечија сексуалност не беше важна за добивање на улога – рече актерот.
– Многу работи се сменија во светот во последните пет -шест години. Ќе видиме, можеби Бонд навистина ќе биде геј актер еден ден – додаде тој.
На прашањето кој може да биде, Вишо им даде „печат на одобрување“ на актерот од „Убавицата и ѕверот“ Лук Еванс и Џонатан Бејли од серијата „Бриџертон“.
Последниот филм за Џејмс Бонд со Даниел Крег во главна улога конечно ја имаше својата светска премиера во Лондон, на 28 септември, 18 месеци подоцна од планираното, поради пандемијата на коронавирус. „Not time to die“ е петтиот Бонд на Крег.
Тој за Би-Би-Си 5 на црвениот тепих рече дека оваа улога е „неверојатно важна за киното и историјата, а товарот за тоа бил на негови плеќи некое време“.
„Имав неверојатна среќа“, додаде тој.
Покрај тоа, тој додаде дека и пред една година не можел да замисли дека ќе се одржи премиерата и дека сега чувствува големо олеснување во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон, каде што се одржа премиерата.