Следното големо Windows ажурирање доаѓа во април

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Microsoft потврди во еден пост на блогот на развивачите дека следната голема надградба на Windows 10 ќе биде објавена во април.

Постот исто така споменува дека поддршката за новиот софтвер ќе биде стандардните 18 месеци. Во момент, не е јасно кое е името на ажурирањето, но се насочува кон Spring Creators Update.

Од пост кој подоцна беше редактиран, не е јасно и каква ќе биде првичната верзија на оперативниот систем. Споменат беше број 17115, но според експертите тоа би значело дека сегашната Windows Insider верзија ќе биде идентична со финалната, што едвај ќе е така.

Од Neowin посочуваат дека во Preview Alpha каналот за Xbox веќе е достапна верзија 17118, а при излегување на финалната верзија на надградба и двете платформи ќе имаат една основна верзија.

Слични содржини