Следува затоплување на времето

од Берта Китинска
141 прегледи

Времето е ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со максимална температура од 9 до 16 степени.

Утрово е најстудено во Берово, -6 степени, а максимални четири се измерени во Дојран.

Според УХМР, -5 е во Лазарополе и Маврово, -4 во Скопје Петровец, -3 во Тетово, -2 во Скопје Зајчев Рид, Струмица, Штип, Прилеп, Битола, Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Крушево, -1 во Охрид и Куманово и еден степен во Гевгелија.

Времето е ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со максимална температура од 9 до 16 степени.

Во Скопје сончево со температура до 12 степени.

В понеделник времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура од -6°C до 2°C. Максималната температура: 12°С до 18°C.

Во вторник ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер. Минимална температура: -3°C до 3°C.Максимална температура: 13°C до 20°C.

Во среда облачноста постепено ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во четврток се очекуваат врнежи и намалување на температурата.

Слични содржини