Во пресрет на 20-годишнината од терористичките напади во САД и последователната американска инвазија врз Авганистан, во која беше соборен режимот на Талибанците, политичката ситуација во таа земја сврте цел круг. Десет дена откако последниот американски војник го напушти Кабул, секојдневниот живот во Авганистан повторно е исполнет со шеријатскиот закон.
Нападот врз кулите близначки во Њујорк доведе до американска инвазија на Авганистан. Дваесет години подоцна, од американската војска остана само оружјето што сега го користат Талибанците.
Портпаролот на талибанските медиуми Забиулах Норани вели дека американската инвазија била противзаконска.
– Убија многу Авганистанци, многу невини луѓе. Многу се жртвувавме и светот го знаеше тоа. Америка ја направи една од најголемите грешки во својата историја – посочува Норани.
Од 34 провинции и претежно рурални области, тие сега се спуштија во градовите. Музиката е забранета, диско клубовите, како и алкохолот, проституцијата, коцкањето. Но не се само оние склони кон пороци кои се незадоволни од новите правила.
Невладиниот активист Саид Хакин Садат нагласува дека најскапоцената и најважната работа е слободата, додавајќи дека таа сега не постои.
Жените од Кабул уште еднаш протестираа. Тие со голи раце ги истераа вооружените Талибанци.
Иако се брутални, едно не може да им се оспори, а тоа е дека криминалот е сведен на минимум. Во минатото, луѓето ги загубија животите и поради нивните мобилни телефони. Семејствата зедоа оружје за да се заштитат. Назибула продава оружје. Тој вели дека интересот опаднал откако пристигнале Талибанците.
Тој забележува дека е многу задоволен од новата талибанска влада.
– Што се однесува до приказните за образованието на жените, тоа беше пропаганда. Сега е јасно дека тие немаат ништо против тоа и жените да учат – додава Назибула Баразада.
Стравот се уште постои кога ќе падне првиот мрак. Постои исламска држава, како и опортунисти кои наоѓаат можност да ограбат цивили или да им го одземат животот. Полицискиот час е во сила од девет и пол, но веќе од седум часот на улиците има многу малку луѓе.