Слободан Ивановски е новиот в.д. директор на Финансиската полиција, а Џеват Селами на Дирекцијата за заштита и спасување

од Илинка Илиоска
46 прегледи

Владата именува в.д. директори на Управата за финансиска полиција и Дирекцијата за заштита и спасување.

На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски.

Од Владата велат дека Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп.

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување“, информира од владината прес-служба.

Слични содржини