Слободниот патриот сепак не бил за Трифун туку за ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Форумот на слободоумни патриоти сака да ги демантира сите кажувања кои се појавија во последните неколку дена во јавност, а се однесуваат на формирањето на новото движење предводено од Трифун Костовски.

Slobodoumni-patrioti

Форумот на слободоумни патриоти ниту преговарал со амбасадори, ниту пак преговарал со Трифун Костовски и други политички и правни субјекти за формирање на некакво си движење кое има за цел прераснување во политичка партија и остварување на нечии лични и материјални цели. Целта на формирање на Форумот на слободоумни партиоти е остварување и развој на статутарните цели на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние се залагаме за возобновување на Унијата на ветерани согласно Статутот на ВМРО ДПМНЕ и нејзино унапредување и развој. Форумот нема за цел да прави делби и расколи ниту во партијата ниту во државата, ниту има за цел некого да го омаловажува, руши или маргинализира туку негов приоритет е заложбата во државата и во политичките партии, вистинските човекови, правни и други вредности да си го најдат своето вистинско и право место.

Со самото тоа Форумот нема за цел да учествува во движење со сомнителна идеологија и сомнителни цели. Форумот на слободоумни патриоти и понатаму ќе делува во рамките на Статутот и актите на ВМРО ДПМНЕ, ќе се залага за враќање на ВМРО ДПМНЕ на вмровците и ќе се залага за демократизација на партијата и враќање на истата на основите на кои е формирана. За крај, Форумот на слободоумни патриоти уште еднаш во име на четирите свети букви ги повикува сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои и мислат добро на партијата да застанат со нас во одбрана и спас на ВМРО ДПМНЕ!