Слон со скршено срце уништи 20 автомобили во Кина

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Слон со скршено срце искрши речиси 20 возилото во кинески природен резерват, откако партнерот го отфрлил на Денот на вљубените. Слонот избегал преку оградата, откако ја изгубил борбата за женската, соопшти агенцијата “Ксинхуа”.4658496

Во напад на бес животното пресекло десетици автомобили паркирани во близина. Љубоморната сцена на азискиот слон на име Сусунја беше снимена на видео. На него се гледа како женкарот турка неколку возила, предизвикувајќи хистерични реакции кај случајни минувачи наоколу.

Се уште нема проценка на штетите, но од резерватот уверија дека посетителите со скршени автомобили ќе бидат компензирани.

Според податоците за 2015 година во Кина живеат помалку од 250 диви слонови. Најмногу ја населуваат провинцијата Јунан во југозападниот дел на земјата, каде се случил и љубовниот инцидент на вљубените.