Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак го информирал генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Братислава ја прекинува испораката на оружје и муниција за Украина, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на словачката армија.
„Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак го информираше генералниот секретар на НАТО дека ја прекинуваат воената помош за Украина од словачките резерви“, се вели во текстот.
Се појаснува дека Словачка ќе продолжи да дава хуманитарна помош за Украина, како и техничка поддршка.
Според министерството, партнерите ја почитуваат одлуката на новата словачка влада.
Калињак и Столтенберг одржаа средба во Брисел, каде што деновиве се одржува самитот на министрите за надворешни работи и одбрана на Европската унија, пренесува „Спутник“.