158
Словачка привремено ќе го запре увозот на жито и други производи од Украина, соопшти Канцеларијата на Владата на Република Словачка, наведувајќи дека тоа ќе биде тема на состанокот на меѓуресорската работна група.
„Словачките земјоделци не можат да се натпреваруваат со увозот на евтино украинско жито, што може да предизвика егзистенцијални проблеми“, пишува словачка „Правда“.
Министерството за земјоделство и рурален развој соопшти дека на владино ниво е неопходно да се воведат построги мерки за регулирање на увозот на стоки од Украина.