Словачка: Извештаи за бомби во 270 училишта

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава добија дојава за бомба, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.

Помеѓу училиштата кои добиле дојава за бомбата се и основните училишта во општината Петралка во Братислава, потврдила за агенцијата ТАСР портпаролката на општинските власти Марија Халашкова.

Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците.

Слични содржини