Словачка нема да се приклучи на иницијативата на Чешка за купување муниција за Украина бидејќи не верува во воено решение на конфликтот, изјави денеска словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар новинарите по разговорите меѓу шефовите на министерствата за надворешни работи на Вишеградската група во Прага.
„Словачката влада зазеде јасен став: нема да учествуваме во воените испораки за Украина бидејќи тој конфликт нема воено решение, затоа не се придружуваме на таа чешка иницијатива. Ќе обезбедиме хуманитарна помош,“ посочи Бланар.
Идејата за купување 100.000 парчиња артилериска муниција од трети земји за Украина, позната како „Чешката иницијатива за муниција “, првпат јавно ја соопшти чешкиот претседател Петр Павел на Минхенската безбедносна конференција во средината на февруари.
Според него, Чешка „идентификувала“ половина милион парчиња муниција од 155 мм и 300.000 парчиња муниција од 122 мм кои би можеле да ѝ бидат доставени на Украина во рок од неколку недели ако партнерите во САД, Германија, Шведска или други земји обезбедат финансии.
Русија смета дека испораките на оружје за Украина го попречуваат решението за конфликтот, директно ги вклучуваат земјите од НАТО во него и предупреди ека тие „си играат со оган“.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија. Според него, САД и НАТО се директно вклучени во конфликтот, вклучувајќи го не само снабдувањето со оружје, туку и обуката на персоналот во Велика Британија, Германија, Италија и други земји.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно изјави дека пипмањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за преговорите и ќе има негативен ефект.