Словачка по барањето на Курти: Нема признавање на Косово

од Nikola Popovski
223 прегледи

Позицијата на Словачка за прашањето за независностa на Косово останува непроменета, наведува од нивната амбасада во Белград во врска со барањето на премиерот, Албин Курти, Словачка да ја признае независноста на неговата земја.

На прашањето каков е ставот на Словачка по прашањето за независноста на Косово од амбасадата на Словачка во Србија посочуваат дека позицијата останува непроменета.

„Дозволете да ве известиме дека позицијата на Словачка во однос на прашањето за таканаречената независност на Косово останува непроменета“, велат од амбасадата на Словачка.

Слични содржини