Словачка воведува масовно тестирање- Одбивањето ќе значи двонеделен карантин

167 прегледи

Словачка почна да го применува масовното тестирање, а оние граѓани кои одбија тоа да го направат, ќе останат до 14. ноември во карантин, беше истакнато од тамошната Влада.

Сите оние кои не се тестирале имаат забрана да одат на работните места, но можат исклучително да ги посетуваат продавниците и здравствените установи.

Граѓаните кои го отфрлија ваквиот став, во своите домови треба да бидат најмалку 13 дена, иако позитивните на карантин се подложни 10 дена.

Оттаму, Владата на Словачка посочи дека карантинот и полицискиот час се две различни работи.

Словачка одлучи повторно масовно тестирање да им овозможи на своите граѓани од 9. ноември, а исклучок ќе бидат само оние кои во изминатите три месеци прележале Коронавирус и за чија состојба увидено е дека нема потреба да се тестираат.

Слични содржини