Словенците и Хрватите се рекордери по инвестирање во криптовалути

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Словенците и Хрватите се европски рекордери по уделот на граѓани кои инвестираат на турбулентниот крипто пазар, биткоини и други криптовалути.

„Дигитални пари“ купуваат 16 отсто од Хрватите и 17 отсто од Словенците, што е речиси три пати повеќе од европскиот просек, пишува денеска Вечерњи лист.

На трето место се 14 отсто од Чесите, додека во Германија само шест отсто од населението верувале дека ќе се збогатат со „рударство“ со помош на интернет, а не со мотики и лопати.

Италијанците и Шпанците имаат најмалку доверба во светот на крипто (4 проценти).

Оваа пролет, Европската комисија го спроведе првото истражување за финансиската писменост во ЕУ, кое откри дека нивото на финансиска писменост низ ЕУ е ниско.

Приближно 18 отсто од граѓаните знаат сè за инфлацијата, инвестициите и ризиците што ги носат, 64 отсто може да се каже дека имаат одредено средно знаење, а останатите 18 отсто незнаат ништо.

Слични содржини