Словенечката актерка Миа Скрбинац излезе во јавноста и обвини, но не именуваше актер и наставник по глума, кои според неа, сексуално ја вознемирувале додека била студентка.
Академијата на актери во Словенија објави соопштение дека очекува таа, како и поранешните студенти, наскоро да достават пријави. Сепак, некои словенечки медиуми го објавија името на наставникот кој наводно го извршил ова грозоморно злосторство, иако Миа не кажа јавно за кого станува збор, пренесува „Танјуг“.
– Не можеме да го потврдиме името на лицето, но тоа ќе го сториме веднаш штом ќе го добиеме извештајот и ќе бидат покренати сите постапки, вклучително и полицијата, под услов да има елементи на сексуално вознемирување во извештајот – рече Љубљанската академија за театар, радио, филм и телевизија (AGRFT) како одговор на писмото на агенцијата СТА, пренесува Танјуг.
Јавноста во Словенија се крена на нозе заради зборовите на актерката, а медиумите веќе го обележаа Матијаж Трибушон (57) како личност за која зборува актерката.
Трибушон е добитник на наградата за филм и актер во театарот, кој исто така предава глума на AGRFT, но СТА не успеа да добие коментар од него.
– Засега, академијата има само информации што се појавија во медиумите. Имајќи предвид дека РТВ Словенија објави дека Миа Скрбинац ја подготвува пријавата, веруваме дека ќе ја достави следната недела – рекоа од AGRFT, пренесува Танјуг.
Академијата забележува дека Скрбинац им открила дека размислува каков вид пријава даподнесе и каде.
Инаку Скрбинац е првата позната личност која се појави во јавноста во Словенија и рече дека била жртва на сексуално вознемирување.