Словенечкиот премиер го посети Киев, се сретна со Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Голоб му рекол на Зеленски дека Словенија ќе придонесе за повоено закрепнување на Украина, особено на ослободениот град Изум во североисточниот регион Харков, објави словенечката влада на Твитер.

На средбата со украинскиот премиер Денис Шмихал, премиерот разговарал и за патот на Украина кон приклучување кон Европската унија и НАТО воената алијанса.

Слични содржини