Словенец се вакцинирал 6 пати против ковид, осуден на 10 месеци затвор

од Milan1

Човек во Словенија кој наместо други се вакцинирал против ковид за тие да добијат ковид-пропусници е осуден на 10 месеци затвор за измама.

Казнети се четворица мажи кои му платиле за таа „услуга“.

Човек кој наместо други бил вакциниран шест пати бил осуден на затворска казна, а бил откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му е одредена мерка притвор.

Клиентите на услугата, исто така осудени за измама, поминале без затвор, па двајца се казнети со по 2.550 евра, а двајца од по 1.360 евра.

Слични содржини