31
Словенија ја продолжи привремената контрола на внатрешните граници во рамките на Шенген зоната кон Хрватска и Унгарија до 21 јуни следната година, објавија денеска словенечките медиуми.
Уредбата што ја усвои словенечката влада во четвртокот стапи на сила, јави словенечката државна телевизија.
Како што се наведува, Владата ја донела оваа одлука поради зголеменото ниво на закана од тероризам.