Словенија има засолништа само за 40.000 лица

Од 2.535 засолништа, само 245 добиле сертификат за употреба, што значи дека само 40.000 Словенци, или само два проценти од граѓаните на Република Словенија, би можеле да се сокријат во безбедно засолниште, објави РТВ Словенија.

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фотографија: detait on Pexels.com

Министерството за одбрана на Република Словенија по четиримесечна ревизија заклучи дека состојбата со засолништата за заштита од природни и други катастрофи во Словенија не е добра и дека засолништата можат да сместат само 40.000 лица.

Од 2.535 засолништа, само 245 добиле сертификат за употреба, што значи дека само 40.000 Словенци, или само два проценти од граѓаните на Република Словенија, би можеле да се сокријат во безбедно засолниште, објави РТВ Словенија.

Според собраните податоци, 1.346 засолништа се условно прифатливи, поради што Министерството за одбрана на Република Словенија им ја довери задачата на сопствениците или управителите да ги реновираат засолништата.