Словенија ја прогласи Хезболах за терористичка организација

од Nikola Popovski
280 прегледи

Словенечката влада објави дека ја прогласила исламистичката политичка партија Хезболах за терористичка организација, што некои земји во ЕУ го направија претходно.

Словенечката коалициска влада, предводена од премиерот Јанез Јанша, на владина седница донела одлука која ќе се однесува на движењето Хезболах како на криминална и терористичка организација што претставува закана за мирот и стабилноста.

Се наведува дека овој заклучок е направен врз основа на извештајот на постојаната координативна група која ги проучувала активностите на Хезболах, шиитската исламистичка политичка партија и милитантната група со седиште во Либан и дека активностите на таа организација се поврзани со организиран криминал и терористички или паравоени активности.

Уште во 2013 година, ЕУ го вклучи вооруженото крило на Хезболах меѓу терористичките организации, а повеќе земји претходно ја прогласија целата мрежа на Хезболах за терористичка организација, вклучувајќи ги САД, Израел, Холандија и Германија.

Слични содржини