Владата на Словенија адаптираше три нови болници за прием на пациенти со коронавирус, поради зголемениот број на новозаразени и хоспитализирани.
Во последните 24 часа, во Словенија се потврдени 143 нови случаи, а според последните податоци на Министерството за здравство, 5.158 лица во Словенија во моментов се заразени со коронавирусот, пишува Хина.
Премиерот Јанез Јанша на својот Твитер профил им се заблагодари на вакцинираните и изјави дека владата може да ги укине мерките што се во сила само кога се вакцинираат 70% од населението.
Во Словенија, досега се вакцинирани само 43% од населението.