Во Словенија во последните 24 часа беа потврдени 1731 новозаразени со коронавирус со 6.657 тестови, а починаа 41 лице, најмногу досега во еден ден, објави словенечката влада во саботата.
Вчера е забележан поголем број на новозаразени во споредба со претходниот ден, кога имало 1.508 од нив, со нешто повеќе тестови, а учеството на позитивните тестови е поголемо од 26 проценти.
Според новите податоци, вкупниот број на потврдени заразени се зголемил на 54.116 од почетокот на епидемијата, од кои активни се 19.803 случаи, инциденцата од 14 дена е моментално 945, а бројот на смртни случаи се искачи на 765.
Состојбата во болниците е сè уште критична и не се подобрува, па хоспитализирани се 1.224 пациенти, од кои 201 се на единиците за интензивна нега.