Словенците останаа без автобус, на натпревар мораа да стигнат со такси (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во Келн, словенечките кошаркари мораа да повикаат неколку такси возила за да стигнат до салата во која ќе го одиграат првиот натпревар на ЕП против Литванија. Ова е втор пат Дончиќ, Драгиќ и пријателите да се качат со такси во градот каде што гостуваат.

Слично беше и во Истанбул, но тогаш НБА кошаркарите од Словенија во нивна режија го обиколија градот на Босфорот. Овој пат имаа причина да бидат незадоволни бидејќи организаторот навреме не им обезбеди автобус до салата.

Горан Драгиќ се огласи на Твитер и напиша дека за среќа локална такси компанија обезбедила трансфер до салата.

Кошаркарскиот сојуз на Словенија сè забележа на Твитер.

 

Слични содржини