Случај „Афера“ со лични карти – полицијата барала дрога кај Чауш , а нашла лични карти…

од desk3
223 прегледи

Започна судењето против Захир Бекири-Чауш обвинет во случајот „Афера“ со лични карти .

Началникот на финансиски криминал во Бирото за јавна безбедност –Сашо Јовановски пред судот денеска сведочеше дека во запленетите компјутери на Чауш имало фајлови кои се совпаѓаат со 105-те лични карти кои новинарот на Фокус ги објави.

caush

Зошто полицијата во домот на Захир Бекири Чаушот вршела претрес со налог за дрога а запленила компјутери беше прашањето на кое началниот за компјутерски криминал од МВР неможеше да одговори. Рече дека се барала дрога , но инспекторите виделе материјали и машини за кои претпоставиле дека можеби се за изработка на нелегални документи , по што го повикале и секторот за компјутерски криминал.
Обвинителството тврди дека Чауш дома имал цела работилница за изработка на фалсификувани документи.

Според обвинителот, Бекири во домот имал преса, секачи,амблеми, но и лажни полномошна од нотари.