Осомничената за убиството на четиригодишно девојче во Москва Ѓулчехра Бобокулова која судот ја стави во притвор за два месеци, за новинарите изјави дека “Алах и заповедал” да го изврши злосторството, пренесе РБК.
Утринава Бобокулова беше изнесена под конвој во судот, кој и утврди мерка притвор, а обвинението ќе и биде подигнато на 4 март.
Според истражителите при извршувањето на делото бебиситерката имала “поттикнувач”. “На слобода во моментов се наоѓаат помошникот на осомничениот и попрецизно поттикнувачот”, изјави иследникот на седницата на судот.
Во судницата 38-годишната државјанка на Узбекистан, која работела како бејбиситерка на убиеното девојче се смееше и прозеваше, и мавташе на камерата и ги поздравуваше сите, пренесе “Русскаја услуги новостеј”.
Според првичните податоци во моментот на извршување на убиството жената била во состојба на акутно психичко растројство, соопшти ТАСС, повикувајќи се на извор од органите на прогонот.
Претходно се појави информација дека Бобокулова е болна од шизофренија и во својата татковина не можела да најде работа поради дијагнозата. Лекарот во узбекистанското село, во кое живее семејство Бобокулови, раскажа пред “Московскиј комсомолец”: Сите кај нас ја познаваат Ѓулчехра. Жената беше најблаго речено, чудна. Постојат објаснувања за тоа: таа има дијагноза “шизофренија”. Таа одамна е на извештај во психоневролошкиот диспанзер “.
Според зборовите на лекарот во 2000 година Бобокулова официјално била прогласена за лично со психичко растроство. Пред тоа две години била во болница, а во 2002 година се развела со мажот. За време на сослушувањето Ѓулчехра Бобокулова се пожалила дека по разводот со нејзиниот прв маж роднините и ги одзеле трите нејзини деца, а неа ја протерале на улица.
Меркел и Оланд ќе се координираат пред самитот на ЕУ
Пред околу три години Бобокулова пристигнала во Москва, за да работи. Таму се запознала со узбекистанец со кого живеела според семејни принципи. Со него се гледала два пати неделно, бидејќи тој си имал семејство. Пред четири месеци мажот се вратил во својата татковина и оттогаш Бобокулова не го видела.
Против осомничен Бобокулова е образувано дело за убиство на малолетно лице. Според податоците на истрагата на 29 февруари 38-годишната бејбиситерка, “откако ги почекала родителите / на загинатите девојче / заедно со поголемото дете да напуштат станот, по неустановени причини го извршила убиството, го запалила станот и сзаминала”. Подоцна во текот на денот таа е приведена од полицијата до метро станица “Октјаборское поле”, каде долго време се шетала со главата на убиеното дете и се заканува деќа ќе експлодира.
Заменик-началникот на московската полиција Валериј Кученков изјави дека апсењето на жената од полицајците траело 40 минути. Според него полицајците дејствувале правилно – “поаѓајќи не од логиката на прислно апсење, туку од логиката на обезбедување на минимален број жртви”.
NEWSru.com додава дека руските федерални телевизии претпочитаа да не кажуваат за грозоморното убиство на четиригодишното девојче. Некои од нив објавија веста за чудовиште престап како текст на сајтови, но генерално слученото не беше пренесено. Од Кремљ ја поддржаа одлуката да “не се прикажуваат луди”.
