Случај Беливук: Пронајдена човечка ДНК во машината за мелење месо во викенд-куќата

од Nikola Popovski
392 прегледи

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин изјавил дека по вештачењето, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдиле дека на машината за мелење месо пронајдена во куќата која му припаѓала на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во белградската населба Ритопек, се наоѓале ДНК-примероци од различни жртви.

Вулин истакнал дека „ниту едно злосторство на кланот Беливук-Миjковиќ нема да остане неразјаснето“.

„Откако пронајдовме тајна просторија во куќата на ужасите во Ритопек, во која покрај оружјето и експлозивите, имаше и индустриска машина за мелење месо, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдија дека имало повеќе ДНК-примероци од разни жртви на овој клан“, соопштил Вулин на вчерашната прес-конференција.

Според него, оваа „убиствена група“ измачувала луѓе, ги убивала и на крај на најгромозен начин ги сецкала остатоците од нивните тела, со цел дополнително да ги уништи и да ги расфрла, соопштиле од српското МВР.

Слични содржини