Случај „Таргет груп“: Кога владиниот бизнис-регистар дестимулира бизнис

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Централниот регистар на Република Северна Македонија (ЦРРСМ) е единствената државна институција во која, по закон, се отвора фирма или друг правен субјект. И не само тоа, секој правен субјект има обврска редовно да ги ажурира сите измени поврзани со име, адреса, сопственици, управителите, а еднаш во годината да доставува и завршна сметка.

Централниот регистар е должен да ја стави базата на податоци на увид на јавноста. Информациите за отворањето, затворањето и промените кај правните субјекти се бесплатни, но најмногу до 30 дена. Три дена, сите промени стојат „отворени“ на интернет-страницата на Централниот регистар, а потоа уште 27 дена може да се пребаруваат во архивата. За другите услуги, Регистарот има објавено Тарифа како и објаснување дека за да добиете одреден податок, прво треба да платите согласно Тарифата, да приложите доказ до Централниот регистар за плаќањето, па да си го „подигнете“ податокот. Но, една домашна компанија вели дека плаќа за една од услугите од Тарифата, а Централниот регистар им ги враќа парите наместо да им ги даде податоците, пишува „360 степени“.

Фирмата се вика „Таргет груп“. Нејзини основачи се двајца млади луѓе од земјава, едниот со завршено високо образование во САД, а другиот во Словенија. Се вратиле во Македонија и отвориле т.н. „бонитетна агенција“. Како и слични компании на Запад, нудат брзи анализи за состојбата во која се наоѓа некоја фирма, па и цели пазарни сектори. Нивните клиенти имаат на располагање и интернет-алатка каде со неколку клика може да се провери – кој е сопственик на одредена компанија, колку пари „врти“ годишно, колку вработени има, дали редовно плаќа данок и други информации важни за секој бизнисмен.

За да понудат таква услуга, младите претприемачи требало да развијат софтвер но, клучно, неопходни им биле податоците од сите компании во земјава, прво регистарските (име, адреса, основачи итн.), а потоа и финансиските. „Таргет груп“ ги обезбедиле и се уште ги обезбедуваат регистарските податоци за фирмите директно од интернет-страницата на Централниот регистар. Податоците што ги нема бесплатно, како финансиските извештаи, ги купувале согласно објавената Тарифа. Но, во 2016 година се случува „куршлус“. Раководство на Централниот регистар, поставено од тогашната власт, поднесува кривична пријава против „Таргет груп“ за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во суштина, државната институција го проблематизира преземањето и обработката на јавните податоци за комерцијални цели. Кривичната пријава коинцидира со периодот на длабоката политичка криза во земјава кога се појавија серија новинарски истражувања (направени и со помош на алатката на „Таргет груп“) кои открија злоупотреба на моќ и јавни фондови од тогашните властодршци.

Од тој момент, велат од „Таргет груп“, Централниот регистар почнува да ги дискриминира, независно што во меѓувреме се менуваат раководството и власта. „Таргет груп“ ја плаќа услугата под број 37 од Тарифникот, податоци од сите обработени годишни сметки во електронска форма, која чини 4 000 000 денари (65 000 евра). Но, Централниот регистар не им дава да ги купат, без да потпишат договор со дополнителни услови.

Целата приказна на следниот линк!

Слични содржини