Случај „Жан Митрев“: Брезев имал негативен тест за корона по примената хемофилтрација

од Vladimir Zorba
405 прегледи

На денешното рочиште со сведочењето на Мелита Брезева се дискредитира целото обвинение. Брезева сведочеше дека пет члена од семејството Брезеви биле лекувани во Клиника Жан Митрев и на сите им се вратени парични средства за неискористените хемофилтрации. Вратени им се приближно 26.000 евра. Брезева, исто така потврди дека и самата била ковид позитивна но поради непостоење индикација за хоспитализација кај неа, само сопруг е хоспитализиран.

Во нејзината изјава пред Судот, таа додаде дека нејзиниот сопруг иако барал хемофилтрација на почетокот не му била дадена, поради тоа што немало потреба за тоа. Во првиот момент кога постоело индикација за примена на хемофилтрација кај нејзиниот сопруг истата е аплицирана, по што состојбата му се подобрува и тој по само една примена хемофилтрација добива негативен КОВИД тест.

Според сведочењето на Брезева, нејзиниот сопруг самиот верувал дека хемофилтрацијата е корисна и во пораките упатени до неа пишува дека сака да биде лечен со овој метод:

„Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие на кои им прават хемофилтрации побрзо се подигаат, така мислеше тој“, сведочеше Брезева.

Брезева беше една од главните ликови во сторијата на ИРЛ од каде се покрена целиот случај за Клиниката Жан Митрев. Денеска, исто така сведочеше и Александра Димовска која исто потврди дека ѝ се вратени неискористени средства од првично депонираните во износ од 3.600 евра.

На денешното рочиште започна испитувањето на главните сведоци на обвинителството, кои со своите искази го дискредитира обвинението и уште еднаш се покажа дека е неосновано.

Слични содржини