„Слуга на народот“ со Зеленски достапен и за македонските гледачи

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Серијата која ја најави иднината на украинскиот претседател Влодомир Зеленски, „Слуга на народот“ наскоро ќе биде достапна и за македонските гледачи.

Во најавата на платформата „Глеј“, на која наскоро ќе се емитува, се опишува како „единствената серија која заврши затоа што стана вистина“.

„Слуга на народот“ го следи учителот кој неочекувано ќе стане претседател откако ќе види како корупцијата во земјата станува вирална. Серијата има три сезони и првпат беше прикажана во Украина во 2015 година.

Зеленски ќе победи убедливо собирајќи повеќе од 73% од гласовите и ќе стане претседател на Украина.

Од почетокот на руската инвазија во земјата, телевизиските куќи како британски Канал 4, грчката ANT-1-а и романската PRO TV исто така побрзаа да ги откупат правата за прикажување.

Покрај претплатниците на платформата „Глеј“ и „Нетфликс“, од понеделник граѓаните ќе можат да ја гледаат и на Канал 5 ТВ.