Жител на државата Флорида се пожали дека неговите слушалки Apple AirPods се само-запалиле за време на фитнес тренинг.
Џејсон Колон од Тампа правел вежби кога забележал дека бел чад доаѓа од едната слушалка. Го оставил уредот и отишол да побара помош. Кога се вратил со член на персоналот, слушалката веќе се распаднала и имало знаци на горење.
Колон прокоментирал за американските медиуми дека дури и не сакал да замисли што би се случило ако експлозијата се случила минута порано во неговото уво.
AirPods се напојува со батерии кои се вградени во двете слушалки. Имено дефект на една од батериите најверојатно го предизвикал инцидентот.
Во минатото имаше слични случувања со различни паметни телефони, вклучувајќи и со iPhone.
Samsung Galaxy Note7 беше целосно повлечен од пазарот откако се покажа дека во мал број уреди батеријата може да се прегрее кога се полни.
Засега, Apple не коментираше за инцидентот во Флорида, но рече дека веќе го истражува.