Службата за безбедност на Украина заплени имот на руски бизнисмен во вредност од 54 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека запленила имот на компанија која наводно е во сопственост на рускиот бизнисмен Алишер Усманов во вредност од 54 милиони долари.

„Службата за безбедност продолжува да ги идентификува и блокира средствата на претставниците кои го поддржуваат Кремљ и корпорациите вклучени во финансирањето на војната против Украина“, се вели во соопштението на СБУ на нивниот канал на социјалната мрежа Телеграм.

Во објавата се додава дека преку истражна и оперативна работа заедно со детективите на СБУ, запленети се повеќе од 160.000 тони железна руда, за која е утврдено дека припаѓа на компанијата на рускиот олигарх Усманов, кој е дел од најтесниот круг на највисокото воено и политичкото раководство на Кремљ.

Слични содржини