167
Во услови на криза, кога граѓаните се изложени на поскапување и намалување на куповната моќ, службениците од ЕУ ги зголемуваат своите плати за 6,9 отсто.
Во интерен документ на финансискиот директор на ЕУ, кој се грижи за 50.000 вработени, предвидено е ова значително зголемување, што предизвика многу земји да протестираат и да бараат земјите од ЕУ да се откажат од тоа, пишува виенскиот весник „Österreich“.
Зголемувањето на платите е последица на автоматскиот процес на прилагодување на платата кон инфлацијата во Белгија и Луксембург.