Директорот на Агенцијата за разузнавање на Косово, Крешник Гаши, бил сменет во договор меѓу вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи и премиерот Авдулах Хоти, соопшти нејзиниот кабинет.
Според Законот за агенцијата за разузнавање на Косово (КОА), директорите на таа агенција се именуваат, но исто така се заменуваат со одлука на претседателот и премиерот на Косово.
Приштинските медиуми објавија дека директорот на КОА, Крешник Гаши е отстранет од таа позиција поради нелегален обид на членовите на КОА да земат тајни документи од кабинетот на претседателот на Косово, ден по заминувањето на Хашим Тачи за Хаг.
Медиумите пишуваат дека секретарот на Претседателството на Косово, Дритон Гаши, кој бил директор на КОА пред Кресник Гаши, и официјално лице кога се претставило како инспектор на КОА, се обиделе да земат доверливи документи од сефот.