Сменета британската министерка за внатрешни работи: Сунак направи драстичен потег

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Британскиот премиер Риши Сунак ја смени министерката за внатрешни работи Суела Брејвермен, соопшти денеска владин извор.

Брејвермен минатата недела објави напис во кој ги критикуваше постапките на полицијата за време на маршот за поддршка на Палестинците, пренесе „Ројтерс“.

Критичарите велат дека нејзиниот став помогнал да ги подгрее тензиите и да ги охрабри десничарските демонстранти да излезат на улиците на Лондон, ставајќи го премиерот Сунак под притисок да преземе акција, наведува агенцијата.

Ова е втор пат Брејвермен да ја загуби работата како министерка за внатрешни работи – откако поднесе оставка од владата на Лиз Трас, кршејќи го министерскиот кодекс.

Сунак ја врати на функција помалку од една недела подоцна откако ја презеде функцијата премиер.

Слични содржини