Сметководителите не издејствуваа нов рок за даночните пријави, за утре закажан протест пред Влада

404 прегледи

Групата на сметководители и овластени на сметководители, денес ја информираше јавноста за протестот кој е закажан за утре во 12 часот пред Владата на С.Македонија.

Сакаме да ве известиме дека, Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РСМ на ден 18/01/2021 година (во прилог) е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози  за  нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години.

Сметководителите кои се 10.000 во РСМ, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата.

Ве известуваме дека приморани сме своите права да ги оствариме со организиран ПРОТЕСТ на 26/01/2021 година во 12 часот пред Влада на РСМ. Искрено се надеваме на прием од страна на представници од Влада на РСМ воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите.

Слични содржини