Ви пренесуваме дел од колумната на Катерина Блажевска за Призма:
Го прашале познатиот сликар Иван Табаковиќ, шеф на катедрата на белградската ликовна академија: „Професоре, како може вие, највозрасниот и најпочитуван шеф на катедрата, да одбивате да бидете во Комисијата за прием на нови студенти? Тој, без двоумење одговорил: „Во 20-тите години на минатиот век, на ликовната академија во Виена, нa приемен испит се пријавил eден кандидат што се викал Адолф Хитлер. Не бил примен. Да бил примен, можеби ќе цртал вазни со цвеќе, а овој свет ќе изгледаше сосема поинаку“.
Ова е одлична илустрација на исклучително тешката задача и на индивидуалната одговорност навреме да се препознаат и превенираат идеи и ставови кои може да завршат во извршната зона на фашизмот.
Не случајно ја споменувам. Утре е 9 Мај, ден на големата победа над фашизмот. Треба да се сетиме, да славиме и да се охрабриме. Но, пред се, да и оддадеме почит на онаа генерација што ја внесе Македонија во редот на големата антифашистичка коалиција. Дел од нив одамна не се меѓу нас. Оние кои се, за жал, повеќе се врзани за медицински апарати и туѓа нега. Едвај десетина кои се „на нога“, утре ќе дојдат да положат цвеќе пред споменикот кај Владата, што сведочи за нивното дело.
Каде ќе бидеме ние, нивните внуци и правнуци во тоа време и каде сме генерално, во сето ова наше време? На која страна? Кој „споменик“ ќе сведочи за нас, за нашата заложба да ја продолжиме антифашистичката борба, бидејќи, за жал, таа не е завршена. Фашизмот се враќа преку разни форми. Можеме ли да го препознаеме и да го спречиме?
Можеме, ме уверува генералот Тодор Атанасовски, со кого деновиве имав чест да пијам кафе во Дебар маало. Разговорот добронамерно ни го „прислушкуваа“ и други присутни. Им се допадна. Ги заинтересира и заинтригира. Дури и се вклучија во разговорот со свои коментари.
Целата колумна прочитајте ја на следниот линк.
