Смртоносниот топлотен бран во САД, Мексико и Централна Америка е 35 пати поголем поради климатските промени

од Milan1
177 прегледи

Веројатноста за смртоносен топлотен бран што ги погоди САД, Мексико и Централна Америка кон крајот на мај и почетокот на јуни беше 35 пати поголема поради климатските промени, проценија експерти од мрежата „Ворлд ведр атрибјушн“ (World Weather Attribution).

Според мрежата, која редовно која редовно ја проценува поврзаноста помеѓу екстремните временски настани ширум светот и климатските промени, екстремните температури во текот на мај и јуни во тие региони имаат четирипати поголема веројатност да се повторат отколку пред 25 години.

Температурите на воздухот во Мексико ги надминаа рекордите од март, а најмалку 125 луѓе починаа од нив, а илјадници лица имаат здравствени последици.

„ВВВ“ предупредува дека континуираната употреба на фосилни горива и последователната емисија на стакленички гасови ќе изложи уште милиони луѓе на опасни топлотни бранови во иднина.

Претходниот месец беше најтоплиот мај досега во светот, што го прави 12-ти последователен месец за соборување на рекордот, објави Европската опсерваторија Коперник.

За студијата на „ВВВ“ објавена денеска, експертите ги анализираа петте најтопли последователни денови и ноќи за време на „топлинската купола“ што ги погоди југозападните делови на САД, Мексико, Гватемала, Белизе, Ел Салвадор и Хондурас кон крајот на мај и почетокот на јуни. Тие заклучиле дека во тие пет дена глобалното затоплување температурата се зголемила за 1,4 степени.

– Тие дополнителни 1,4 степени предизвикани од климатските промени значеа разлика помеѓу животот и смртта за многу луѓе во мај и јуни, изјави Карина Изкиердо од Климатскиот центар на Црвениот крст.

Топлотните бранови особено ги погодуваат постарите лица, децата и луѓето кои работат на отворено, особено во Мексико и Централна Америка каде становите се помалку отпорни на топлина.

Слични содржини